Партии

Арсовски: Гази Баба - еклатантен пример за сомнителни тендери

15.02.2022 12:28

На денешната прес- конференција презентирани нови докази за тендерот за улично осветлување во Гази Баба, каде што како што велат од партијата, фирмата ДИГИТАЛ ДООЕЛ добила тендер по однапред договорени цени.

Местењето тендери во СДСМ не е ништо ново, само за жал Обвинителството и Антикорупциската Комисија немаат докази, велат од ВМРО- ДПМНЕ.  На денешната прес- конференција презентирани нови докази за тендерот за улично осветлување во Гази Баба, каде што како што велат од партијата, фирмата ДИГИТАЛ ДООЕЛ добила тендер по однапред договорени цени.

„Набавка и вградување на натриумова цеваста сијалица од 70 вати над 6.600 лумени понудената цена е 10.000 денари по парче, додека пак истата сијалица со моќност од 150 вати над 17.500 лумени, која што по логика на нештата треба да е двојно повисока, понудената цена е само 1.000 денари. Дали е ова нормално?“- вели портпаролот на партијата Димче Арсовски.

Ваквиот начин на функционирање и добивање тендери очигледно добро функционирал како пракса секаде онаму каде што СДСМ има свои кадри за функционери, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Нагласуваат дека парите на граѓаните на овој начин биле испумпувани и завршувале по нечии џебови.