СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да не го блокира Законот за платите во образование
Според СДСМ ова е деструктивно однесување над наставниците и стручните соработници и притоа тие се етикетирани како партиски послушници.

Предлог Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта цела година е блокиран од стана на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, а со тоа директно го оневозможија покачувањето на нивните плати и трансформацијата на работниот однос на над 4.700 наставници и стручни работници, ВМРО-ДПМНЕ без трошка срам признава дека предложеното законско решение е добро и исто такво доставува во собраниска процедура“, велат од СДСМ.
Според СДСМ ова е деструктивно однесување над наставниците и стручните соработници и притоа тие се етикетирани како партиски послушници.
Законот за наставниците и стручните соработници во основните и во средните училишта, предложен од Владата, со кој се покачува платата на наставниците и на стручните соработници со кој се трансформира нивниот работен однос ќе биде изгласан, додаваат од владејачката партија.
Опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ да престане со неодговорното постапување и да се откаже од блокадите на ова, но и на други законски решенија, вели Жаклина Лазаревска пратеничка од СДСМ.
