Украинска криза

Русија повлекува дел од војската на границата

15.02.2022 13:22

Западот и Киев постојано повторуваат предупредувања за потенцијална руска инвазија на Украина, а портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, постојано ги опишува таквите тврдења како празни и неосновани.

Руското министерство за одбрана соопшти дека некои војници позиционирани на границата со Украина се враќаат во базите по завршувањето на вежбите. Сепак, големите вежби низ земјата продолжуваат. Западот и Киев постојано повторуваат предупредувања за потенцијална руска инвазија на Украина, а портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, постојано ги опишува таквите тврдења како празни и неосновани.

„Русија спроведе и ќе продолжи да спроведува вежби низ руската федерација. Ова е тековен процес, како и во сите земји во светот. Ова е наше право да вежбаме дома, на територијата каде што сметаме дека е соодветно и тоа не е тема за разговор со никого. Секогаш сме велеле дека по завршувањето на вежбите, оние фази кои треба да се завршат во одреден период, војниците ќе се вратат. До нивните постојани бази. Нема ништо ново овде. Ова е вообичаен процес. Што се однесува до хорор приказните дека Русија може да ја нападне Украина – ве молиме стапете во контакт со авторите на тие приказни преку океанот кои како мантра повторуваат „војната да започне што е можно поскоро“, изјави портпаролот Дмитриј Песков.

Аналитичарите сепак, сметаат дека и покрај повлекувањето на дел од војската, ваквото зголемување на бројот на руските војници не е видено досега. Украинското министерство за надворешни работи соопшти дека заедничките дипломатски напори со западните сојузници успеале да спречат руската ескалација. Додаде дека Русија постојано дава различни изјави, поради што го задржуваат правилото да веруваат кога ќе видат.

„Ние, украинските дипломати, работиме дење и ноќе за да дозволиме Украина достоинствено да го надмине овој период на зголемен притисок, за да ги заштитиме нашите национални интереси. Успеавме заедно со нашите партнери да ја задржиме Русија од каква било понатамошна ескалација“, изјави Дмитро Колеба украинскиот министер за надворешни работи.

Со недели Русија концентрира војници и воена опрема околу границите на Украина и во окупираниот украински регион Крим. На 13 февруари, сад ја зголемија својата проценка за бројот на руски војници во областа од 100.000 на 130.000.

Марина Ристова