Пораст на говорот на омраза и дезинформациите
Сè повеќе владее говорот на омраза и дезинформациите на социјалните мрежи. Институциите бавно и неефикасно ги спроведуваат предметите, има ниско ниво на казнивост – истражување на Македонскиот институт за медиуми…

Говорот на омраза и дезинформациите во земјава, особено на интернет, се во пораст, ова го укажуваат сите релевантни истражувања, велат од Македонскиот институт за медиуми. Додаваат дека примената на регулативата во однос на говорот на омраза од страна на Јавното обвинителство, судовите, Министерството за внатрешни, повеќе анализи упатуваат на тоа дека најчесто се критикувани за бавното и неефикасно процесуирање на предметите поврзани со говорот на омраза. Во државата сè уште е присутно високото ниво на неказнивост.
Од Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги велат дека нивната идеја отсекогаш била да им се помогне на медиумите кај нив да се развие чувството за препознавање на говорот на омраза и соодветно да се реагира, а неказнување на самите медиуми.
Од Совет за етика во медиумите, велат дека се намалуваат пријавите во однос на говорот на омраза во медиумите.
Една од важните иницијативи е иницијативата за Изборниот законик што предвидува нападите врз новинарите и медиумските работници во иднина да се гонат по службена должност, а не по приватна тужба. Кон крајот на минатата година овие предложени измени сè уште беа во собраниска процедура.
Потребно е подигнување на јавната свест за штетата којашто дезинформациите и говорот на омраза може да ја предизвикаат во општеството. Од МИМ со препорака медиумската заедница и граѓанскиот сектор да ги поддржат механизмите за саморегулација во медиумската сфера за да се спречи непрофесионалното и неетичко работење, да се заштити јавноста од дезинформациите на тој начин. А онлајн медиумите и медиумската заедница да ги поддржат и да ги спроведуваат насоките за етичко известување.
Важен актер кој треба да ги поддржи овие насоки, според нив, е и бизнис заедницата. Особено е важно и политичките елити да се посветат на фер, етичка и професионална комуникација со јавноста, медиумите и нивните противници.
Ана Јосифоска Тодоровска
