Мицкоски: Владата не сака национално единство за идентитетските прашања
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски ја обвини Владата дека не сака национално единство за идентитетските прашања и покрај подадената рака. Не се согласува со Ковачевски дека единство се постигнува во Собранието …

Низ дијалог подготвен сум да ја премостам секоја разлика, само владата да ги заштити националните интереси, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Сепак, се сомнева дека можеби веќе ги распродала. Таа врата за ова прашање е секогаш широко отворена – порача Мицкоски. Додаде дека е подадена рака за национално единство затоа што, како што смета Мицкоски, предолго политичките партии и како општество се гледаме низ нишани, додека народот страда.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со тезата на премиерот Ковачевски дека единството се постигнува во Собранието. Ако е така, вели, нека ја прифатат декларацијата за Делчев. Ако под единство во Собранието подразбираат да го поминат Законот за марихуана, тогаш ниту за 100 години од сега нема да се согласиме – рече Мицкоски.
Мицкоски пораките до власта и до граѓаните ги испрати од Кочани каде што градоначалниците од источниот регион презентираа што е сработено во првите 100 дена локална власт.
Миле Ристески
