Судство
Ослободителна пресуда за велешанката Павлинка Илоска
15.02.2022 14:30
Судот во Велес на денешното рочиште ја ослободи од обвинение 23- годишната велешанка Павлинка Илоска...

Ослободена од обвинение е 23-годишната велешанка Павлинка Илоска која се теретеше за кривично дело „убиство во миг“, додека била физички и вербално малтретирана од својот партнер.
На првото рочиште за овој предмет, беа изведени доказите и дадени и завршни зборови. Илоска рече дека не се чувствува виновна. Во одбрана на Илоска претходно застанаа невладини организации и Хелсиншкиот комитет.
Убиството се случило на 29.09.2021 година, а 23-годишната велешанка убиството го извршила поради претрпено семејно насилство од лицето А.Р., со кого живеела во вонбрачна заедница.
