СЗО: Нов бран Омикрон се шири кон Источна Европа

15.02.2022 14:50

Според организацијата, во изминатата недела се пријавени повеќе од 165 милиони случаи на Ковид-19 во европскиот регион на СЗО...

Додека Белгија и голем број други земји расмислуваат за укинување на ковид сертификатите и олабавување на мерките, нов бран на инфекции предизвикани од Омикрон- сојот на коронавирусот се шири во Источна Европа, предупредува Светската здравствена организација, апелирајќи до земјите дека сега не е момент за олабавување на мерките.

Според организацијата, во изминатата недела се пријавени повеќе од 165 милиони случаи на Ковид-19 во европскиот регион на СЗО и 25 илјади смртни исходи. Повикуваат на зголемена вакцинација.