Расте бројот на ученици позитивни на Ковид-19, ситуацијата се следи
Простор за паника нема- смируваат од Комисијата за заразни болести. За една недела 120 деца се новорегистрирани на територијата на целата држава...

Расте бројот на ученици позитивни на Ковид- 19. Сепак, простор за паника нема- смируваат од Комисијата за заразни болести. За една недела 120 деца се новорегистрирани во земјава. Внимателно ќе се следат и бројките во наредниот период.
За побрзо да тече процесот на тестирање, во поликлиниките Ѓорче Петров, Идадија и Битпазар ќе има диспанзери во кои граѓаните со упат од матичен лекар ќе се тестираат. Се реактивираат еднаш укинатите пунктови за тестирање во внатрешноста. Од Комисијата повторно препорачаа- вакцинацијата е клучна за излез од пандемијата.
За една недела за 13 насто е намален бројот на новорегистрирани случаи со Ковид- 19. Но, засега не препорачуваат нови мерки, а нема ниту укинување на сертификатите.
Деновиве треба да почне скринингот и на околу 2.000 ученици, а процесот треба да заврши за една недела. Комисијата не ги обелоденува локациите на тековниот скрининг поради исполнувањето на критериумот на тестирање граѓани според случаен избор.
Наташа Јанчиќ Менковски
