Судство

23- годишната велешанка Павлинка Илоска е ослободена од обвинението

15.02.2022 16:09

Судијката во образложението оцени- според доказниот материјал е утврдено дека Илоска делото го извршила во самодбрана. Дополни дека со вештачењето на ДНК од покојниот полицаец се утврдило дека тој навистина ја давел и ја удирал речиси по целото тело.

Судот ја ослободи од обвинение 23- годишната велешанка Павлинка Илоска. Беше обвинета за кривично дело „убиство во миг“, за случајот во кој била физички и вербално малтретирана од својот партнер, по што во самоодбрана му нанела фатална убодна рана.

Судијката во образложението оцени- според доказниот материјал е утврдено дека Илоска делото го извршила во самодбрана. Дополни дека со вештачењето на ДНК од покојниот полицаец се утврдило дека тој навистина ја давел и ја удирал речиси по целото тело.

Правично и фер судење, задоволен е од пресудата адвокатот на Илоска. Уште и додаде дека таа стравувала за животот по добиените закани.

На претходното рочиште за овој предмет, беа изведени доказите со завршни зборови во кои Илоска наведе дека не се чувствува виновна, поради самоодбраната. Во нејзина одбрана и поддршка застанаа и невладини организации и Хелсиншкиот комитет.

Наташа Гркова Петрушевска