Зголемени трошоци за греење во училиштата
Растечките цени на енергенсите ги зголемија трошоците за 20 до 30 проценти за загревање на прилепските училишта. За оваа грејна сезона нема проблеми, но за наредната се потребни повисоки блок- дотации и калкулација на идните трошоци. Ситуцијата со пандемијата во училиштата се оченува за стабилна...
За 20 до 30 проценти се зголемени трошоците за греење во прилепските училишта поради растот на цените на енергенсите, но нема никакви проблеми со набавката. Главно се троши нафта, а дрва, претежно, во населените места. Огревот се доставува навреме, се плаќа на денот на испораката и затоа фактурите носат повисоки цени. Проблемот ќе се појави за наредната грејна сезона, па уште сега се бара зголемување на блок- дотациите за оваа намена.
Во најповолна ситуација е прилепската гимназија. Поради обемната реконструкција, ова полугодие е прво по две години со настава со физичко присуство. Имаат доволна заштеда и за наредната грејна сезона. Помогна и новата фасада.
Со ковид-пандемијата, ситуацијата се оценува за стабилна. Има само две- три одделенија во едно основно училиште кои имаат онлајн настава.
Во Прилеп има 11 основни и 5 средни училишта со преку 10.000 ученици.
Елизабета Митреска
