МВР

Приведен криумчар на мигранти

15.02.2022 16:45

Мигрантите биле откриени при контрола во царински склад, по што возачот се дал во бегство, но по презмени мерки од полициските службеници бил приведен.

Полициски службеници од СВР Скопје и РЦ Север во координација со Царинската управа, денес го приведоа Ѓ.Ј. (41) од Неготино, кој во камион со неготински регистерски таблички превезувал тројца мигранти, соопшти МВР.

Мигрантите биле откриени при контрола во царински склад, по што возачот се дал во бегство, но по презмени мерки од полициските службеници бил приведен.

По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од Министерството.