Телефонски разговор Бајден- Макрон

Бајден: САД се подготвени за секакво сценарио

16.02.2022 09:28

Според Бајден, инвазијата на Украина сѐ уште е можна. Порача дека ќе го собере цел свет против Русија доколку тоа се случи. Рускиот амбасадор во ЕУ, Владимир Чижов, пак, ги отфрли американските предупредувања за можен руски напад врз Украина денеска- за како што се тврдеше дека 16-ти февруари е денот „Д“.

Американскиот и францускиот претседател, во телефонски разговор ја потврдија поддршката за дипломатскиот пат во украинската криза. Бајден и Макрон согласни  дека е неопходно да се провери најавата на Москва за повлекување на руските сили околу границата со Украина, што го оценија како охрабрувачки сигнал.

Но, според Бајден, инвазијата на Украина сѐ уште е можна. Порача дека ќе го собере цел свет против Русија доколку тоа се случи. Рускиот амбасадор во ЕУ, Владимир Чижов, пак, ги отфрли американските предупредувања за можен руски напад врз Украина денеска- за како што се тврдеше дека 16-ти февруари е денот „Д“.

Во меѓувреме ЕУ и Франција го осудија повикот на долниот дом за руското признавање на териториите во источна Украина. Истовремено во Брисел се одржува дводневен состанок на министрите за одбрана на НАТО.

Се очекува план за формирање четири мултинационални борбени групи во Југоисточна Европа како одговор на руското воено засилување во Украина.