Предлогот да се продолжи кризната состојба со топлинска енергија пред пратениците
Владата на 17-ти минатиот месец, на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, донесе Одлука за постоење кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија на територијата на Скопје, а потоа на седницата на 10-ти февруари донесе одлука за одобрување на продолжување на нејзиниот рок до 30-ти април годинава.

Предлог- одлуката на Владата да се продолжи рокот за постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија во Скопје до 30-ти април годинава денеска е на дневен ред на собраниската Комисија за одбрана и безбедност и на Законодавно- правната комисија, по што за неа треба да се одлучува и на пленарна седница.
Владата на 17-ти минатиот месец, на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, донесе Одлука за постоење кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија на територијата на Скопје, а потоа на седницата на 10-ти февруари донесе одлука за одобрување на продолжување на нејзиниот рок до 30-ти април годинава.
Предлог одлуката треба да стапи во сила со денот на објавувањето во Службен весник и да почне да се применува од утре.
