Свет
Хондурас: Уапсен експретседателот Хернандез по барање на САД
16.02.2022 09:42
Поранешниот претседател кој владееше со земјата од 2014-та до минатиот месец, бил вклучен во трговијата со дрога од 2004-та.

Поранешниот претседател на Хондурас, Хуан Орландо Хернандез, уапсен по барање на САД, под обвинение за трговија со дрога и оружје.
Поранешниот претседател кој владееше со земјата од 2014-та до минатиот месец, бил вклучен во трговијата со дрога од 2004-та.
САД бараат негова екстрадиција бидејќи се смета дека тој бил дел од организација која добивала тони кокаин од Колумбија и Венецуела, а потоа го префрлала во САД. Хернандез ги негира обвиненијата.
