Свет
Поплави и свлечишта во Бразил, најмалку 18 жртви
16.02.2022 09:53
Се стравува дека бројот на жртви може да биде и поголем додека спасувачките екипи на терен ги пребаруваат погодените подрачја.

Најмалку 18 лица загинаа во свлечишта и поплави по обилните дождови кои го зафатија планинскиот град Петрополис, на околу 70 километри северно од Рио де Жанеиро.
Се стравува дека бројот на жртви може да биде и поголем додека спасувачките екипи на терен ги пребаруваат погодените подрачја.
Претседателот Болсонаро побара од своите министри итна помош за жртвите.
