Партии

СДСМ: Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ да си поднесат оставки

16.02.2022 09:59

Пред суд признаа дека постапувале противзаконски, правеле изборни нерегуларности и незаконски финансирале кампањи.

Поранешни високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ пред суд признаа дека постапувале противзаконски, правеле изборни нерегуларности и незаконски финансирале кампањи, велат од СДСМ.

Додаваат дека со ова нивно признание се потврдува дека сите изборни процеси организирани од ВМРО-ДПМНЕ се нерегуларни, и Мицковски како некогашна десна рака Груевски да поднесе оставка со целото негово раководство.

Апелираат за ефикасна истрага и завршница на процесите против сите поранешни и актуелни политичари, без разлика дали се на власт или во опозиција, пред законот сите мора да се еднакви.