Македонија

МВР: Приведен дилер во Битола, пронајдени амфетамин и марихуана

16.02.2022 10:01

При преглед во возило „ауди“, кое го управувал Д.Р., бил пронајден и одземен амфетамин...

Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија за дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола вчера го лишиле од слобода Д.Р.(42) од Битола, информираат од МВР.

При преглед во возило „ауди“, кое го управувал Д.Р., бил пронајден и одземен амфетамин. При претрес во неговиот дом, извршен врз основа на судска наредба, биле пронајдени и одземени амфетамин и марихуана.

Лицето е приведено во полициска станица, за случајот бил известен Јавен обвинител, а по негово целосно документирање против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 215 од Кривичниот законик.