Инвестиции

Ковачевски и Тренчевска во посета на компанијата „Текспорт“

16.02.2022 10:12

Австриската компанија „Текспорт“ се занимава со производство на текстилна заштитна облека.

Премиерот Димитар Ковачевски и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, денеска ќе го посетат производствениот погон на компанијата „Текспорт“ во Илинден, информираат од владината прес- служба.

Австриската компанија „Текспорт“ се занимава со производство на текстилна заштитна облека.

Компанијата е лоцирана во сопствен објект со површина од 4.500 квадратни метри во економската зона Марино- Кадино.