Партии

ВМРО-ДПМНЕ: За чии интереси работи Ковачевски

16.02.2022 10:15

Ако навистина сака да гради национално единство во Собранието за националните прашања да ја прифати Декларацијата за ликот и делото на Гоце Делчев.

Реториката која ја користи Ковачевски, но и потезите кои ги влече покажуваат дека нема големи промени во пазарџиството на неговиот претходник кој тргуваше со националните и државните интереси. Ако навистина сака да гради национално единство во Собранието за националните прашања да ја прифати Декларацијата за ликот и делото на Гоце Делчев, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Нагласуваат дека Ковачевски треба да каже што е спорно во текстот на Декларацијата, да каже дали има против да се афирмира револуционерното дело на Гоце Делчев.

Доколку продолжи да молчи за подадената рака за национално единство, тогаш тоа гласно ќе говори дека на големо се работи на нови договори со Бугарија на штета на македонските интереси, пишува во соопштението од партијата.