Сообраќај

210 сообраќајни прекршоци во Скопје

16.02.2022 10:22

На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 210 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 49 санкции...

Министерството за внатрешни работи продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 210 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 49 санкции, 35 санкции за прекршоци што ги прават пешаците, 21 мерка за возач почетник.

Изречени се 14 мерки за возење без возачка дозвола, 10 санкции за недавање првенство на пешаци, седум мерки за нерегистрирани возила, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), 45 за непрописно паркирање.

Апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.