Ејми Шумер, Реџина Хол и Ванда Сајкс - водителки на годинешното доделување „Оскари“
Овогодишната церемонија на доделување на престижните филмски награди Оскар ќе ја водат три актерки...

Комичарките Ејми Шумер, Реџина Хол и Ванда Сајкс ќе бидат водителки на годинешното доделување „Оскари“, пренесуваат американските медиуми.
По рекордно ниската гледаност во 2021-ва година, продуцентите на церемонијата се обидуваат да привлечат нови гледачи. Сѐ уште се финализираат деталите за доделувањето на престижната награда, кое ќе се случи на 27-ми март.
Највисоките почести во филмската индустрија, што ги доделува Академијата за филмски уметности и науки, немаат домаќин од 2018-та година.
Оваа година филмот „Моќта на кучето“ (The Power of the Dog) на Нетфликс, ревизионистички вестерн кој го користи овој жанр за да ја истражи токсичната машкост, доминира со 12 номинации за Оскар. Веднаш зад него е „Дина“, голема адаптација на популарниот научно-фантастичен роман за кој некогаш се веруваше дека не може да се пренесе на големото платно, доби 10 номинации за Оскар. „Приказната од западната страна“ и „Белфаст“ добија по седум номинации.
