МНР

Османи на средба со Мартин Викерс, специјален пратеник за трговија со Западен Балкан на Обединетото Кралство

16.02.2022 11:59

Османи ја поздрави континуираната поддршка која земјава ја добива од Обединетото Кралство, која е втор најголем економски партнер на нашата земја и главен странски инвеститор...

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска оствари средба со специјалниот претставник на Обединетото Кралство за трговија со Западен Балкан, Мартин Викерс.

Османи ја поздрави континуираната поддршка која земјава ја добива од Обединетото Кралство, која е втор најголем економски партнер на нашата земја и главен странски инвеститор, а исто така е една од првите држави која низ долги децении инвестира во зголемување на безбедноста и политичката стабилност во овој дел од Балканот. На средбата истакнато значењето на новиот концепт на економска дипломатија која го спроведува МНР.

Мартин Викерс најави скорешна посета во своето второ својство како претседател на парламентарната група за пријателство меѓу двете земји во најскоро време при што го истакна значењето на развојот на парламентарната дипломатија. Воедно повтори дека влезот на британски “know how” и компании кои имат искуство во енергетиката, инфраструктурата, смарт концептите за развој, железницата и други големи области од витално значење за нас, но и за регионот, е мошне мотивирачка порака која би требало да даде силен импулс на Владите во регионот, да работат токму во изнаоѓање на најдобри решенија за своите идни капацитети.

На средбата се истакна и важноста на неодамна потпишаната Спогодба за партнерство, трговија и соработка, со што уште еднаш се потврдува заедничкиот политичко економски интерес и поддршка.