Правата на децата најмногу се прекршуваат при развод на бракот
За речиси 40 проценти е зголемен бројот на пријавите во однос на 2020 година.

13 исчезнати деца како резултат на нарушени брачни односи и непостапување по решенијата на Центрите за социјална работа, алармира Првата детска амбасада „Меѓаши“. Оттаму велат, најмногу се прекршува правото на детето при развод на бракот. Погодени се цели семејства, баби, дедовци. Негледањето на детето со другиот родител остава последици врз психофизичкиот раст и развој.
Минатата година, децата пријавувале и насилство, врсничко, физичко, занемарување, па дури и политичка злоупотреба. Има и пријави за прекршување на пристапност до институциите. Непримање деца во градинка поради немање вакцина.
За речиси 40 проценти е зголемен бројот на пријавите во однос на 2020 година. Според податоците на Меѓаши, во 90 проценти пријавуваат децата од градовите за разлика од нивните врсници од руралните средини.
Наташа Ј. Менковски
