Надзорот во областа на урбанистичко планирање генерира ризик од корупција
Станува збор за процес во надлежност на централната и локалната власт кој остава простор за притисоци и влијанија – смета антикорупциската комисија.

Законската регулатива и спроведувањето на надзорот во областа на урбанистичкото планирање генерираат ризик од корупција бидејќи станува збор за процес во надлежност на централната и локалната власт кој остава простор за притисоци и влијанија – смета антикорупциската комисија. Оттаму нотирале надвладување на приватниот над јавниот интерес во постапки на носење на урбанистички планови, пренамена на земјиште и нетранспарентност при одлучувањето.
За да има квалитетно решение, измените на законот за урбанистичко планирање ќе бидат разгледани на јавна дебата пред да бидат доставени на седница на Влада.
Дека законите врзани за урбанизмот носат ризици за корупција смета и Слаѓана Тасева од Транспаренси Македонија.
Од агенцијата за просторно планирање констатираат – ако постојните закони биле на сила пред 50-тина години не ќе можеле да се изградат најзначајните архитектонски бисери на охридското крајбрежје чие постоење, како што велат не го загрози статусот во УНЕСКО.
Анита Д. Велковска
