ДЗР: Јавниот долг го достигна нивото од 60 отсто од БДП
16.02.2022 14:10
Во услови на пандемија, постигнат е лимитот на јавниот долг од 60 насто од БДП и тој е зголемен за 15 процентни поени, соопштија од Државниот завод за ревизија...

Државниот завод за ревизија го објави ревизорскиот извештај од извршената ревизија на успешност- Управување на јавниот долг, задолжување на земјата. Во услови на пандемија, постигнат е лимитот на јавниот долг од 60 насто од БДП и тој е зголемен за 15 процентни поени.
Во Република Северна Македонија и други држави во меѓународни рамки како одговор на здравствено- економската криза, не секогаш е обезбедено почитување на фискалните правила за управување со јавен долг и дефицит и има зголемување на нивото на јавниот долг, наведува Државниот завод за ревизија.
