ДИК го утврди редоследот на гласачкото ливче за парламентарните избори
Изборната кампања за предвремените парламентарни избори започнува во сабота на 5 април...

Коалицијата предводена од СДСМ со реден број еден, коалицијата на ВМРО - ДПМНЕ со реден број пет, ДПА втора, ДУИ четврта. ДИК со ждребка го утврди редоследот на партиите на гласачкото ливче.
Три партии и две коалиции ќе ги бараат гласовите и за пратеничките место предвидени за дијаспората. Тоа им овозможи први да ги извлечат ливчињата и да го утврдат редоследот од еден заклучно со пет. СДСМ го извлекоа ливчето со реден број еден по нив се ДПА, ДУИ, Достоинство и на петтото место е ВМРО - ДПМНЕ.
За позицијата од шестото заклучно со единаесетото место, ждребката одлучуваше за партиите што имаат кандидатски листи во повеќе од 4 изборни единици.
Последни ливчињата ги влечеа три партии коишто имаат кандидатски листи најмногу во 4 изборни единици.
И за овие парламентарни избори ВМРО - ДПМНЕ е најголема коалиција со 22 партии. СДСМ во сојуз со 8, ГРОМ со 4, Позитивната алијанса со две и Достоинство со една партија, соопшти Никола Рилковски, претседател на ДИК.
Виолета Димовска
