Македонија
Уставен суд: Ковид- сертификатите се за општо добро на граѓаните
16.02.2022 14:14
Уставните судии како неоснована ја одбија иницијативната проверка на уставноста на забраната за влез во објекти без ковид- сертификати.
Уставните судии како неоснована ја одбија иницијативната проверка на уставноста на забраната за влез во објекти без ковид- сертификати.
Според образложението на судијата известувач Вангелина Маркудова, одлуката е разумна и е донесена за општо добро поради пандемијата со Ковид-19.
Спорно за подносителот Николче Марушевски било ограничувањето на движењето. Во иницијативата се наведува дека според Уставот, граѓаните се еднакви во своите права и слободи, без разлика на општествената положба, а одлуката го дерогирала ова право за невакцинираните граѓани.
