Иран

Шамхани: Ќе преговараме само за нуклеарниот договор

16.02.2022 14:16

Светските сили се согласија да се откажат од економските санкции кон Иран.

Иран нема да има други преговори освен нуклеарни со САД и со Европа. Во Виена се одржуваат нуклеарни преговори со цел да се обезбеди целосна имплементација на нуклеарниот договор и враќање на САД со учество на високи претставници од Русија, Кина, Германија, Франција, Велика Британија и Иран.

Техеран вети дека ќе ја ограничи својата нуклеарна активност само за цивилни цели, а светските сили се согласија да се откажат од економските санкции кон Иран.