Економија

Инспекторатот за труд контролира дали се исплаќа повисока дневница за работа во недела

16.02.2022 14:52

Проверката ќе трае до крајот на месецов по што надлежните ќе излезат со детален извештај кој ќе биде објавен на веб страницата на Инспекторатот. На тој начин, како што информираше министерката Тренчевска јавноста ќе има увид кој го прекршил законот.

Инспекторатот за труд проверува дали се исплаќа повисока дневница за работа во недела. Се контролираат фирмите кои согласно законот имаат дозвола за работа. Проверката ќе трае до крајот на месецов по што надлежните ќе излезат со детален извештај кој ќе биде објавен на веб страницата на Инспекторатот. На тој начин, како што информираше министерката Тренчевска јавноста ќе има увид кој го прекршил законот.

„Надзорите ќе се прават до крај на месецот. Потоа ќе има соопштение и месечен извештај за почитување на законското право за исплата на дневници поголеми за пеесет проценти за сите работници кои согласно закон се во дејности кои имаат право да работат во недела“, изјави министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

Јавно ќе бидат објавени сите фирми кои го прекршиле законот во делот за исплата на повисока дневница за 50 проценти за работа во недела, рече министерката Тренчевска.