Собрание

Пратениците ќе одлучуваат за продолжување на кризната состојба со топлинската енергија

16.02.2022 15:06

Надлежните сметаат дека е потребно за да се нормализира состојбата и да се обезбедат доволно средства за скопјани да имаат топли радијатори...

Владината одлука за продолжување на кризната состојба во снабдувањето со топлинска енергија до 30-ти април пред пратениците. Надлежните сметаат дека е потребно за да се нормализира состојбата и да се обезбедат доволно средства за скопјани да имаат топли радијатори.

Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ критикуваат, Македонија е рекордер во светот по прогласени кризни состојби, зашто ова е веќе четврта. Според нив, надлежните не успеале да ги предвидат работите и да ги заштитат граѓаните.

Од мнозинството велат – власта успешно си ги врши обврските, а овие кризни состјоби се механизам за навремено реагирање и справување со кризите. Од опозицијата со контра став – во Македонија нема топлинска криза бидејќи топланите работат и мрежата функционира, туку имаме гасна криза.

Владата со указ прогласи вонредна состојба во снабдувањето со топлинска енергија зашто претпријатијата што управуваат со оваа инфраструктура не може да го поднесат порастот на цените на природниот гас.

 

Марија Котовска