Лекари од дијаспората за Македонија
Македонците не ги забораваат своите корени каде и да се
Македонците не ги забораваат своите корени каде и да се .Пред еден месец е формирано Меѓународно македонско лекарско друштво на кое му претходеше австралиско- македонска лекарска асоцијација основана пред 4 години.Иницијатор и основач е 47- годишниот оториноларинголог, д-р Зоран Бечваровски, кој е роден и живее во Сиднеј.
Д-р Зоран Бечваровски од Австралија сака да ги обедини сите македонски лекари да разменуваат искуства и да им помагаат на македонските пациенти насекаде во светот.Основач е на новото Меѓународно македонско лекарско друштво,што засега брои дваесетина членови од Австралија,Сад,Канада и од Македонија. Испрати видеозапис од Сиднеј.
,, Ние како лекари низ дијаспората да им помогнеме на македонските пациенти кога одат во Америка или во Австралија или Франција или во која било земја и за полесно да се разберат со лекарот за неговата здравствена состојба,затоа што е докажано дека пациентот полесно се лекува на неговиот мајчин јазик.“-
вели д-р Зоран Бечваровски- раководител на хирургија во болницата Сент Џорџ –Сиднеј, Австралија и претседател на ИММСОК
Новото здружение веднаш стапи во акција.Четворица македонски хирурзи се веќе во Австралија за да научат нови современи хируршки техники.
,,Има место за кардиохирургија,неврохирургија,лапараскопија или општа хирургија.“- вели д-р Бечваровски.
Легитимитет добиле и од Парламентот на Нов Јужен Велс-Австралија. Д-р Бечваровски не само што е омилен меѓу Македонците туку е и многу ценет и почитуван од австралиското општество.Професор,истражувач,практичар,промотор на македонските интереси,јазикот,културата и лидер во борбата против рак.Прави истражувања од што најчесто заболуваат Македонците во Австралија,откако претходно организирал донаторски акции и со собраните милион и пол долари купиле ПЕТ скен апарат за рано откривање малигни клетки.
