Ферари се надева на добар викенд
Ден пред стартот на официјалните тренинзи на патеката Шакир во пресрет на трката за големата награда на Бахреин се е поприсутен оптимизмот во таборот на Ферари.

Ден пред стартот на официјалните тренинзи на патеката Шакир во пресрет на трката за големата награда на Бахреин се е поприсутен оптимизмот во таборот на Ферари.
Според Фернандо Алонсо тимот е многу подобро подготвен и со повеќе сознанија за комплексноста на новите системи. Алонсо вели дека сега многу повеќе го чувствува системот за сопирање што овозможува поагресивно возење и влева повеќе самодоверба. Во Бахреин ќе треба да се најде најдобар баланс меѓу потрошувачката на гориво и трошењето на пневматиците што ќе бидат под зголемен притисок поради високите температури. Во таа насока се и изјавите на Кими Раиконен кој потенцира дека иако на патеката нема многу свиоци сепак е многу тешко да се комплетира добар круг.Иако на официјалната прес конференција финецот беше доста резервиран, неофицијално излезе со сериозни критики за „новата“ формула 1. Според Раиконен возбудливите трки се веќе минато, гледачите веќе ќе немаат можност да видат борба тркало до тркало и дека сега повеќе се размислува за штедење на горивото и пневматиците и за тоа како да се заврши трката.
Ваквите изјави на Раиконен со кои отворено ја критикува формула 1 веднаш отворија шпекулации дека финецот веројатно брзо ќе се збогува со атрактивниот спорт и дека ова е неговата полседна сезона во Ф1. Шпекулациите се поткрепени и со информациите за се почестите средби меѓу Доменикали и Себастијан Фетел, иако шефот на Ферари вели дека во Ферари се задоволни со возачите што ги имаат и уште повеќе дека Фетел е задоволен во Ред Бул.
