Партии
СДСМ: Арсовска стопира важни проекти за скопјани
17.02.2022 10:20
Граѓаните од Арсовска очекуваат решенија за модерно Скопје, и да почне да го работи она за што добила доверба од граѓаните.

Градоначалничката на ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска три месеци не работи ништо, таа сè што прави е стопирање проекти и партизација на Град Скопје, велат од СДСМ.
Додаваат дека Универзалната сала стои недовршена и покрај обезбедените средства и склучениот договор со изведувачот, одбила 70 милиони евра од Европската банка за обнова и развој, во буџетот на 2022 не биле обезбедени пари за набавка на еколошки автобуси.
Нагласуваат дека граѓаните од Арсовска очекуваат решенија за модерно Скопје, и да почне да го работи она за што добила доверба од граѓаните, пишува во соопштението од СДСМ.
