Партии
ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски нека одговори во која канцеларија се наоѓа Луј Витон торбата
17.02.2022 10:37
Колку милиони евра од рекет завршија во џебовите на функционерите.

Ковачевски нека одговори во која канцеларија се наоѓа Луј Витон торбата, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Колку милиони евра од рекет завршија во џебовите на функционерите. Жив фатен во рекет во РЕК беше братот на Зоран Заев, Вице. Токму неговото име се брише од кривична пријава. До каде е случајот каде што Ден Дончев беше жив фатен како става туце на пари во торба. Зошто не се отвори ниту истрага?-велат од опозициската партија.
Криминалот во СДСМ е енормен. Криминалот единствено е во СДСМ. Но, одговорност за сите криминални дејства кои СДСМ сака да ги сокрие ќе има, нагласуваат од партијата.
