Фудбал, Лига Европа, 1/4-финале, први натпревари

Преку Лион, Јувентус го продолжува походот кон трофејот

03.04.2014 14:39

Пресметката на „Стад Жерлан“ меѓу Лион и Јувентус привлекува најмногу внимание од вечерашните први четвртфинални средби во фудбалската Лига Европа.

Во дуелот со реномираниот француски тим, италијанскиот првак ќе биде посилен за најдобриот стрелец Карлос Тевез, којшто поради суспензија го пропушти саботниот пораз од Наполи во домашното првенство. За „Старата дама“ тоа беше само втор неуспех во Калчо Лигата во годинашново првенство, но со предност од 11 бода во однос на Рома и натаму како лидер супериорно чекори кон одбрана на приматот на Апенините.

Со 18 постигнати гола, Тевез е прв голгетер на Јуве сезонава, иако на евросцената е без погодок уште од април 2009. Некарактеричниот „сушен“ период во меѓународните средби сепак не му претставува опсесија на Аргентинецот, којшто тврди дека порано или подоцна, сепак ќе постигне погодок и тоа во миг кога тоа ќе биде најпотребно за неговиот тим.

И додека Јуве патува во Франција со две победи на двете гостувања во Лига Европа сезонава, против Трабзон во 1/16-финалето и против Фиорентина во 1/8-финалето, Лион е непоразен на домашен терен уште од групната фаза. Сепак и Французите веќе чувствуваат замор од згуснатиот распоред во овој дел од сезоната, кога имаат и важни битки за висок пласман и во домашниот шампионат.

Во неделата со 2-1 загуби од Сент Етјен и со вториот пораз во последните три првенствени кола Лион падна не петтата позиција на табелата во Лига 1. На тренерот Реми Гарде вечер ќе му биде и уште потешко, бидејќи не може да смета на шестмина поврдени играчи, меѓу коишто и влијателните Грение, Лопес и Дабо. Добро за него е што истече суспензијата на напаѓачот Бензиа.

Кај Јувентус поради суспензија ќе недостасува само Видал, но тој ќе има право на настап во реваншот на 10 април, на „Јувентус Арена“, на којашто ќе се одигра и годинашното финале на Лига Европа.

Покрај средбата Лион-Јувентус, од којшто МРТ-1 ќе врши директен пренос со почеток во 21.05 часот, преостанатите четвртфинални двојки се: Порто-Севиља, АЗ Алкмар-Бенфика и Базел-Валенсија.