Економија

Во петок прва средба за зголемување на пензиите

17.02.2022 11:04

За зголемувањето на минималецот кој треба да изнесува 18.000 денари се обезбедени средства во Буџетот, а за пензиите има пари во Фондот за пензиско и инвалидско осигирување, изјави вчера вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

За утре е најавен првиот состанок за зголемување на пензиите, а решението ќе се носи низ дијалог со сите засегнати страни. Зголемувањето на минималната плата и најавениот раст на пензиите нема да повлечат ребаланс на Буџетот, уверуваат од Владата.

За зголемувањето на минималецот кој треба да изнесува 18.000 денари се обезбедени средства во Буџетот, а за пензиите има пари во Фондот за пензиско и инвалидско осигирување, изјави вчера вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

И за минималната плата и за пензиите не треба да се прави ребаланс. Тие се веќе испланирани во Буџетот. За пензиите, Фондот на ПИОМ има обезбедено средства за еветуално зголемување. Не треба да се грижиме дека ќе земеме од некаде за да им дадеме на пензионерите. Пензионерите се осигурени со тоа што имаат доста средства во Фондот на ПИОМ, истакна Битиќи.

Според Битиќи, финансиските извештаи на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување за лани, како година на пандемија и економска криза, покажуваат дека има значително зголемување на приходите заради движењето на економијата и на платите.