МВР
Приведен криминалец од Куманово, осуден на седум и пол години затвор
17.02.2022 11:28
Тој е осуден на 7 години и 5 месеци затворска казна за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, а се барал со потерница за доиздржување на 4 години и 2 месеци казна затвор.

Полициски службеници од СВР Куманово вчера вечер го лишиле од слобода Н.Д.(43) од Куманово. Тој е осуден на 7 години и 5 месеци затворска казна за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, а се барал со потерница за доиздржување на 4 години и 2 месеци казна затвор.
Лицето ќе биде спроведено во Казнено-поправна установа Затвор Идризово за доиздржување на казната.
