Е- услугите не стигнале во руралните општини
Голем е јазот меѓу руралните и урбаните општини кога е во прашање користењето на електронските услуги. Во селата речиси ги нема. Недоверба во институциите, ниска информатичка писменост и кај населението, но и во локалната администрација. Општините се жалат од недостиг на средства и потребни се бројни обуки и за населението и за администрацијата.

Речиси и не се користат електронските услуги во руралните средини. Само 4,5 насто од населението се информира за општините преку нивните веб-страници. За половината население останува главно одењето на шалтер. Недовербата во институциите, и големата информатичка неписменост се главните кочници. Се мислеше дека пандемијата ќе ја зголеми дигитализацијата, но нема стигнато во руралните средини.
Руралните општини имаат само 12 проценти е-услуги. Информатичката писменост е мала и кај администрацијата и, нема пари за дигитална инфраструктура.
Државата се фали со процесот на дигитализација, но тој засега не стигнал во руралните средини. Потребни се обуки.
Истражувањето за достапност и користење на е-услугите во руралните средини е направено на 300 испитаници во Кривогаштани, Старо Нагоричане и во Врапчиште.
Елизабета Митреска
