„Македонски блесок 10“ - доказ дека АРМ е подготвена за влез во НАТО
Ќе се изврши завршното оценување на припадниците на АРМ за добивање сертификат за учество на одредени меѓународни операции предводени од НАТО, ЕУ или ОН...

Од 5- ти до 12-ти април годинава на армискиот полигон Криволак и Центарот за обука Пепелиште ќе се изведува теренската вежба „Македонски блесок 10“.
„Горд сум на нашите единици, треба сите да бидеме горди од причини што ова пртставува достигнување достојно за многу постари и поголеми армии, побогати и со подолго искуство. Тоа покажува дека Армијата е повеќе од спремна за финалниот чекор, односно влезот во НАТО“, рече Методија Величковски, одговорен и главен за вежбата.
Ќе се изврши завршното оценување на припадниците на АРМ за добивање сертификат за учество на одредени меѓународни операции предводени од НАТО, ЕУ или ОН.
