Телекомуникации

Телеком ја пушти првата комерцијална 5Г мрежа во Македонија

17.02.2022 14:28

Десет пати поголема брзина на интернет, доверливост и сигурност во преносот на податоци, проширената и вируелната реалност преку услугите во 5Г стануваа реалност во Македонија. Телеком ја пушти комерцијалната 5Г мрежа, услугите се достапни во 15 градови...

Со 5Г сигнал се покриени 15 градови во државава. Добивките во петтата генерација телекомуникациски технологии за супер брз гигабитен пренос на податоци и визуелизација во комбинација со 4Г, засега ќе ги имаат само корисниците со серитифицирани телефони од најновата генерација, во мрежата на Телеком.

Се отвораат вратите за голема доверливост и сигурност, виртуелната реалност преку безжична конеција да го достигне вистинскиот потенцијал.

Менаџментот апелира АЕК да ја забрза постапката за доделувањето на радиофрекфенциите преку кои треба да се постигне вистинскиот потенцијал за примена на овие технологии. Во почетокот, таргет група се очекува да бидат бизнисите.

До крајот на октомври со опрема од најновата генерација, Телеком најавува дека ќе бидат покриени 26 градови во земјава.

 

Сузана Фиданска Стоевска