Политика

Бугарското вето во фокус на Комисијата за европски прашања

17.02.2022 14:38

Седница на собраниската Комисија за европски прашања. Најголемите пратенички групи акцент ставија на надворешната политика и ветото од Бугарија. Пратениците на СДСМ го поздравија новиот пристап на дијалогот со источниот сосед, додека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ побара спорот со Бугарија да се реши на европски начин…

Објективен извештај со јасно идентификувани области за кои е потребен поголем напор-е оценката на вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ за извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава за 2021 година.

Алијансата за Албанците со критика кон поранешниот министер за правда за недостаток на реформи во правосудството.

Освен одреден напредок оценет со 3,11 во извештајот, нотирани се недостатоци во делот на имплементирање на демократијата, правосудството, борбата против криминалот и корупцијата, работата на парламентот со посебен акцент за ограничување употребата на носење закони со скратена постапка.

Најголемите пратенички групи во Собранието, акцент ставија на надворешната политика и ветото од Бугарија. Пратениците од СДСМ го поздравија новиот пристап на дијалогот со источниот сосед, додека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ побара спорот со Бугарија да се реши на европски начин.

Не изостанаа и критиките во однос на работата на Собранието, неодржувањето на седниците за пратенички прашања и останатите тела во законодавниот дом.

Марина Стојанова Тонева