Земјоделство

Доделени договорите од ИПАРД 2

17.02.2022 14:48

Преку сите мерки на ИПАРД 2 програмата досега се реализирани 2.257 проекти со вкупна вредност од над 69 милиони евра.

Ќе продолжи поддршката од три денари за килограм оризова арпа. Министерот Николовски вели дека инспекциските контроли треба да утврдат уште колку неоткупен ориз е останат, за кој поддршката е веќе исплатена. Целта е да се елиминираат евентуалните манипулации за што алармираат земјоделците.

Доделени се договорите за мерката седум од ИПАРД 2 Програмата за диверзификација на фарми и развој на мали бизниси. Преку оваа програмата ќе се реализираат инвестиции во сместувачки капацитети за развој на руралниот туризам, инвестиции во обезбедување ветеринарни услуги во руралните средини, а дел од апликантите ќе набават опрема за производство на ракија, мед и други прехранбени производи и пијалоци.

Преку сите мерки на ИПАРД 2 програмата досега се реализирани 2.257 проекти со вкупна вредност од над 69 милиони евра.

Наташа Ј. Менковски