Бесплатни превентивни прегледи по повод Светскиот ден на здравјето -7 април
Во сабота од 9-14 часот во Старата скопска чаршија пред Чифте Aмам и Мурат пашина џамија, ќе има бесплатни превентивни прегледи за граѓаните

Ќе се мери нивото на шеќер и холестерол во крвта, крвен притисок, телесна тежина и висина, а лекарите ќе даваат и совети. Пожелно е граѓаните да бидат гладни со цел вредностите од мерењата на шеќерот и холестеролот во крвта да бидат соодветни.Ќе се дели и пропаганден материјал со содржина за здрав животен стил и превенција на болести. Ова го организира ЈЗУ Институт за јавно здравје на Р.М. во соработка со Општина Чаир а по повод Светскиот ден на здравјето - 7 Април. Настанот ќе биде проследен со учество на ученици од основни училишта во Општина Чаир, а ќе има подготвено и здравинационални јадења.
Соња Стојановска
