Тиесто во Скопје
Доаѓа во Скопје на 16-ти јуни на стадионот на АРМ.

Најголемиот регионален настан на електронска музика ова лето ќе се случи во Скопје со најголемата и најконзистентна ѕвезда на електронската музика на сите времиња-TIESTO!
Тој доаѓа во Скопје на 16-ти јуни на стадионот на АРМ, поголем од било кога досега и неговиот настап е ексклузивен, ако се земе во предвид дека последниве неколку години настапува или во Америка или само на големи фестивали какви што се Ultra Music и Tomorrowland.
На светската музичка сцена TIESTO важи за многу повеќе од диџеј и продуцент, статус што го заслужи уривајќи ги сите рекорди за секое негово издание. TIESTO е единствениот артист кој гордо и заслужено во последниве неколку години ги носи титулите, „The Pope of EDM“ и „The greatest DJ of all time“, според магазинот Mixmag, „No. 1 DJ“ според магазинот Rolling Stone и „The Godfather of EDM“ според Billboard.
