Изабел Ипер ја доби „Златната мечка“ за животно дело на Берлинале
Актерката се вклучи во свеченоста на доделувањето преку видеоврска од нејзиниот дом во Париз, поради тоа што е позитивна на корона вирус.

Француската глумица, Изабел Ипер, ја доби почесната „Златна мечка“ за животно дело на Берлинскиот филмски фестивал.
Актерката се вклучи во свеченоста на доделувањето преку видеоврска од нејзиниот дом во Париз, поради тоа што е позитивна на корона вирус.
Ипер зад себе има 50-годишна кариера, речиси 150 филмски и ТВ-улоги, како и номинација за „Оскар“ за филмот „Таа“ и 120 други признанија.
Ларс Ајдингер, партнер на Изабел во нејзиниот последен филм „За Жоан“, зборуваше за привидната нејзина воздржаност, која, како што истакна тој, „целосно исчезнува во мигот кога таа ќе зачекори пред камерите“.
Филмот на францускиот режисер Лоран Ларивиер беше претставен синоќа како дел од специјалната гала-проекција на овогодишното Берлинале.
