Обвинителство

Зајакнување на капацитетите на истражните центри

17.02.2022 15:45

Преку спроведување брзи и транспарентни истражни постапки се обезбедуваат цврсти докази за обвиненијата и нивното претставување пред судовите – велат надлежните. Тоа, според нив, се овозможува преку градењето истражни центри...

За истражување и гонење на современиот облик на криминал неопходна е соработка на надлежните институцииво државата, но и меѓунартодната, вели првиот човек на Обвинителството, Јолески. Во Обвинителството функционираат четири истражни центри. За нивно кадровско доекипирање ангажирани се припадници на правосудната полиција, а вработени се и јавнообвинителски соработници и советници.

„Од суштинска важност е припадниците на правосудната полиција и физички да се присутни во Јавното обвинителство што преставува еден од важните услови за зголемување на ефективноста и ефикасноста на новиот концепт на истрагата“, изјави државниот обвинител Љубомир Јовески.

„Преку зајакнување на сопствените капацитети даваме целосна поддршка на функционирањето на истражните центри“, додава министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Поставената осднова мора да се надоградува, вели министерот за правда Тупанчевски. Ги повика институциите што повеќе да го користат системот за размена на информациии.

„Задоволство ми е што полека надминуваме еден проблем кој се провлекуваше уште од усвојувањето на новиот Закон за кривична постапка. Првиот чекор е направен, но работата не е завршена“, нагласува министерот за правда, Никола Тупанчевски.

Проектот е еден придонес од ЕУ за да може стандардите кои важат во Унијата да бидат применети и во земјава. Владата, министерствата и Обвинителството мора да продолжат да обезбедуваат континуирана поддршка и ресурси за истражните центри“, порача амбасадор на ЕУ во земјава Дејвид Гир.

Твининг проектот „Градење на институционалниот капацитет на истражниот центар“ се спроведуваше во текот на последните две и пол години. Поддржан е од Германската фондација за меѓународна правна помош, во партнерство со Министерството за правда на Република Хрватска.

 

Наташа Гркова Петрушевска