Почна расправата за измените на Законот за минимална плата
Комисиска расправа за зголемувањето на минималната плата на 18 илјади денари. Собраниското мнозинство побара сите пратеници да го поддржат предлогот, со кој 80 илјади работници од 1-ви април ќе добијат по 3.000 денари повеќе. ВМРО-ДПМНЕ со амандман за корекција на коефициентите и бодовите...

Почна комисиската расправа за измените на Законот за минимална плата, кој се носи по скратена постапка. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса за Албанците најавија дека ќе го поддржат законот, но ќе поднесат амандмани со цел и другите плати во јавниот сектор да пораснат и да се усогласат пропорционално со порастот на минималната.
Од владејачката СДСМ велат дека барањето на опозицијата е безпредметно, зошто сега се врши покачување на минималната плата, а висината на платите во јавниот сектор се уредува со посебни закони и колективни договори.
Овој Закон обезбедува извесна иднина за сите работници бидејќи, со воведувањето на новиот критериум за пресметување на минималната плата, таа не може да биде пониска од 57 проценти од висната на просечната плата, потенцира Министерката за труд и социјална политка.
Опозицијата предлагаше и зголемување на пензиите за 20 насто, но тоа не помина во комисиите. Парламентарното мнозинство тоа го одби со образложение дека Владата подготвува нова методологија за пресметка на пезиите или за дополнителна помош за највозрасните.
Игор Панов
