Скрининг во основните училишта, бројот на заразени ученици е зголемен
Утре почнува скринингот во основните училишта, каде што бројката на заразени ученици е зголемена – најави Комисијата за заразни болести. Целта е да се утврди каква е трансмисијата. Тестовите ќе се прават во самите школи. Тимовите и здравствените работници се подготвени да ја спроведат операцијата. Од денес, пак, препораките за лекување против Ковид-19 се достапни на јавноста…

Од утре почнува скринингот во основните училишта. Комисијата за заразни болести одлучи да бидат тестирани само основците, но не и средношколците.
Тимови од здравствени работници ќе тестираат ученици по случаен избор. Според доктор Злате Мехмедовиќ, скринингот треба да помогне да се анализира моменталната состојба со коронавирусот и каква е трансмисијата во училиштата. Вели дека се поголемиот број на заразени основци го вклучил алармот, додека кај средношколците состојбата е помирна.
Комисијата за заразни болести јавно ги објави протоколите за лекување од Ковид-19. Ова се препораки кои изминатите години ги користеа докторите, но не се обврзувачки, вели претседателот на Комисијата, Петличковски. На оваа листа не се најде лекот Ивермектин кој во минатото се користеше во лекувањето на коронавирусот. Според Петличковски, високата смртност од Ковид-19 во земјава не е резултат од непочитувањето на протоколите.
Препораките за лекување на Ковид-19 се објавени на интернет страницата на Министерството за здравство.
Викторија Милевска
