Пендаровски ќе учествува на 58-та Минхенска безбедносна конференција
На конференцијата е најавено учество на повеќе од 30 шефови на држави и влади, како и стотина министри и шефови на релевантни меѓународни организации.

Претседателот Стево Пендаровски, од 18 до 20 февруари 2022 година, во Минхен, Германија, ќе учествува на 58-та Минхенска безбедносна конференција.
На конференцијата е најавено учество на повеќе од 30 шефови на држави и влади, како и стотина министри и шефови на релевантни меѓународни организации.
Предвидено е претседателот Пендаровски за време на учеството на Минхенската безбедносна конференција да оствари повеќе средби со дел од учесниците на собирот.
Во фокусот на разговорите на претседателот Пендаровски ќе биде европската интеграција и безбедносните состојби во регионот и во евро-атлантскиот простор, информираат од претседателскиот кабинет.
