Енергетика

Започна изградбата на далноводот Битола- Елбасан

17.02.2022 16:33

Државната МЕПСО ја почна изградбата на 400- киловолтен далновод од Битола до Македонско-албанската граница во должина од 97 километри. Инвестицијата е вредна над 17 милиони евра. Капиталниот проект треба да донесе постабилна енергетска инфраструктура...

Со поставување на првиот од вкупно 269-те челични столбови, започна изградбата на 400- киловолтниот далновод од трансформаторската станица Битола 2, до Македонско- албанската граница. 97- километарскиот далновод е од исклучително стратешка и регионална вредност. Со овој капитален проект, се позиционираме како базна раскрсница за дистрибуција на електричната енергија.

Интерконективниот далновод Битола- Елбасан во реализацијата на Коридорот 8 ќе претставува клучна алка во транзитот на електричната енергија, рече пемиерот Ковачевски.

Вредноста на овој одамна најавуван капитален зафат изнесува 17,22 милиони евра, а финансиски е поддржан од Европската банка за обнова и развој и делегацијата на ЕУ. Инвестирањето во одржливи далноводи е исклучително значајно. Современите електрични мрежи произведуваат нула штетни емисии и загубите се минимални, порачаа нивните претставници.

Од Европската банка за обнова и развој велат дека со грант од 780.000 евра ќе продолжи поддршката на МЕПСО за физибилити студијата која е потребна за значителните инвестиции и во капацитети за прозводство на енергија од обновливи извори.

Стевче Митревски